Достапни линкови

„Коха диторе“: Албанци војуваат меѓу себе во Сирија


Албанци од Косово, Албанија, Македонија и Прешевската Долина биле вклучени во неколку радикални сириски групации, кои често имале меѓусебни недоразбирања и дури војувале меѓу себе, објави приштинскиот весник „Коха диторе“. Весникот потсетува на начинот како Албанците од Балканот заминуваат за Сирија и при тоа го наведува податокот дека во средината на месецов, турските власти во рамките на „акција против Ал Каеда", уапсиле 25 лица кои работеле на регрутирање на Албанци за да војуваат во Сирија. „Коха диторе“ наведува дека на сириските боишта се наоѓаат најмалку 400 Косовци, а досега е потврдено загинување на шестмина млади луѓе од Косово. Од регионот на Балканот потврдена е смртта на триесеттина Албанци, меѓу нив и четворица од Македонија.
XS
SM
MD
LG