Достапни линкови

logo-print

Ѓулен негира „паралелна држава“ во Турција


Фетула Ѓулен

Фетула Ѓулен

Турскиот исламски свештеник Фетула Ѓулен, кој живее во САД, негира дека им давал наредби на полицијата и обвинителството за антикорупциската истрага што ја потресува владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган, оценувајќи дека неговото движење било искористено како жртвено јагне за да се одвлече вниманието. Во своето прво телевизиско интервју по 16 години, влијателниот Ѓулен за Би Би Си изјави дека Ердоган изгледа бил подведен од неговата „дворска свита“, алудирајќи на советниците во опкружувањето на османлиските султани. Корупцискиот скандал, што доведе до оставки на тројца владини министри заради истрагата во која беа приведени нивните синови и бизнисмени блиски до владата на Ердоган, прерасна во најголемата закана за 11 годишното негово владеење.
XS
SM
MD
LG