Достапни линкови

Најмногу коментари за тонењето во сиромаштија


Најпосетена и најчитана е саботна анализа за тоа дека „Македонија тоне во сиромаштија“. Коментари привлече и анализата за одлуката на владата во иднина да не дозволува пристап до одредени интернет сајтови.

Најпосетена и најчитана е нашата саботна анализа за тоа дека „Македонија тоне во сиромаштија“. Секој, се чини, сака да ѕирне во фактите за ова тврдење, иако редовниот Перо од Скопје на шега го почнува својот коментар, велејќи дека пак пишуваме невистини, а „власта преку своите трубадури ни вика дека ни е најубаво на свет“. Важно е имаме фискална или беше книшка во рака, па асли два стана во Скопје...Срамно е да се кријат податоци... но така се владее, со создавање лажна слика, заклучува нашиот редовен посетител.
Важно е имаме фискална или беше книшка во рака, па асли два стана во Скопје...Срамно е да се кријат податоци... но така се владее, со создавање лажна слика.
Коментар на читател.

За разлика од Перо, кој проблемите ги гледа дома, во невладеењето на правото, во штелувањето на законите и во начинот на нивната примена од страна на судството, МК Обсервер вината за сиромаштијата во Македонија ја гледа во „воведувањето на либералниот капитализам во раните 90-ти на минатиот век“. Обсервер чарето го гледа во промена на системот кој им служи на неколкумина привилегирани, таму во „меџународната“, вели, и во домашната заедница, и во
„Фискална во рака - награда без мака“.
„Фискална во рака - награда без мака“.
воспоставување систем што ќе му служи на мнозинството.

Инаку, анализата во врска со одлуката на владата во иднина да не дозволува пристап до одредени интернет сајтови, и во која консултираните Ај-Ти експерти изнесуваат мислење дека такви нешта се прават само во Северна Кореја и во Кина, предизвикала
Сега уште да се очекува на Грујо да му (текне) кој македонски портал ќе смее да се отвора. Што нема да видиш во оваа наша чудесна земја!
Коментар на читател.
поголем број коментари во кои нашите посетители, главно, се прашуваат со која логика некој забранува он-лајн обложување на интернет, што е право на секој поединец. Некој потпишан со Трн дури смета дека наликуваме на арапските држави. „Сега уште да се очекува на Грујо да му (текне) кој македонски портал ќе смее да се отвора. Што нема да видиш во оваа наша чудесна земја!“, се чуди Трн, како актерот во истоимената владина реклама.

Анонимен смета дека народот не може да се бори со овие работи, па се одлучува за полесни решенија, како на пример, бугарски пасош и иселување од Македонија. Срѓан, пак, смета дека блокирањето на интернет страниците било регулирање на онлајн обложувалниците, а асдф порачува дека на Срѓан му е испран мозокот и дека не станува збор за никаква регулација. А
„Социјалните мерки за глас“, за Незабеган се најевтин популизам од една квазидесничарска и квазихристијанска партија. Перо запишал: „Долгото владеење на големите диктатори се случува и е правило само кај неук народ. Кај сме ние“, прашува на крајот.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG