Достапни линкови

Почнува судењето за обвинетите во „Шпион“


Во Основниот суд Скопје 1 денеска почнува судењето против обвинетите за случајот „Шпион“. Ова е прв случај за шпионажа кој ќе се води во Македонија. Со обвинението во акцијата под оперативно име „Шпион“ опфатени се разузнавачи, контраразузнавачи, воени разузнавачи, поранешни и актуелни вработени во Армијата, УБК, Агенцијата за разузнавање, Државниот архив, шефот на Кабинетот на претседателот на Парламентот. Тие се сомничат за шпионажа и соработка со странски безбедносни служби на кои им оддавале класифицирани документи со различен степен на доверливост меѓу кои имало и државни тајни.
XS
SM
MD
LG