Достапни линкови

„Шпион“ пред суд


Архивска фотографија - Осомничените од „Шпион“ изведени пред истражен судија.
Архивска фотографија - Осомничените од „Шпион“ изведени пред истражен судија.

Започнува судската разврска за првиот случај на шпионажа во Македонија. Разузнавачи, актуелни и поранешни вработени во МВР, полициски генерал и други високи функционери се дел од 19-те обвинети во случајот „Шпион“.

Денеска започнува судската разврска за првиот случај на шпионажа во Македонија. Разузнавачи, актуелни и поранешни вработени во МВР, полициски генерал и други високи функционери се дел од 19-те обвинети во случајот „Шпион“.
Значи, не може изјавите на обвинетите и на сведоците веднаш штом излезете од судница да ги објавите.
Весна Димишкова, портпарол на Основниот суд Скопје 1.

Тие се обвинети за злосторничко здружување, злоупотреба на службена должност, шпионажа, оддавање на државна тајна, уцена со порнографски снимки, измама и недозволено држење оружје.

Од Основниот суд велат дека поради степенот на тајност и чувствителност на доказите, судскиот процес за случајот „Шпион“ нема целосно да биде отворен за јавноста.

„Ќе внимавате кој дел ќе го изнесувате во јавност. Значи, не може изјавите на обвинетите и на сведоците веднаш штом излезете од судница да ги објавите“, ги предупреди новинарите портпаролката на Основниот суд Скопје 1, Весна Димишкова.
Судот со препорака до новинарите за известувањето за „Шпион“
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:52 0:00

Тој што државната тајна прво ќе ја соопшти, второ ќе ја предаде или ќе ја стори достапна на странска држава, на странска организација или на лица на кои им служи се вели дека ќе се казни со казна затвор од најмалку 3 години.
Осман Кадриу, универзитетски професор.
Професор Осман Кадриу посочува дека овој облик на кривично дело е многу сериозен, особено кога се оддаваат државните тајни. Казните се движат од една до десет години, вели Кадруи.

„Тој што државната тајна прво ќе ја соопшти, второ ќе ја предаде или ќе ја стори достапна на странска држава, на странска организација или на лица на кои им служи се вели дека ќе се казни со казна затвор од најмалку 3 години.“

Кај вмешаните во Шпион при претресот се пронајдени голем број компјутери, досиеја, мобилни телефони, мемориски картички, огнено оружје, УСБ-стикови.
Запленети матерјали во акцијата „Шпион“.
Запленети матерјали во акцијата „Шпион“.

„Лицата коишто се товарат за шпионажа подолг период наназад соработувале со претставници на странски безбедносни служби и им оддавале класифицирани документи, државни тајни и други информации кои ниту тие смееле да ги имаат, ниту, пак, смееле да ги споделуваат со странските безбедносни служби“, рече на почетокот на аферата
Лицата коишто се товарат за шпионажа подолг период наназад соработувале со претставници на странски безбедносни служби и им оддавале класифицирани документи.
Иво Котевски, портпарол на МВР.
портпаролот на МВР Иво Котевски.


Првата шпионска афера во државава, на површина извади филмски видеа од апсењата, фотографи од местата на претресот, секс афери. Премногу јавниот шпион наиде на критики од експертската јавност. Професор Билјана Ванковска изјави дека од секој случај од кој се сака да се направи некаква драма, некаква приказна, се оди на големи ѕвона.

„Македонија е толку мала земја, за која се прашувате какви тајни има за да бидеме предмет на интерес
Илустрација.
Илустрација.
на странски служби кои би замешале толку луѓе за шпионажа. Јас не велам дека странските безбедносни служби не работат, меѓутоа, од друга страна, ние сме толку транспарентни во своите слабости и во своите препирки, така што не гледам зошто луѓе би се ангажирале на ваков начин“, вели Ванковска.

Големите шпионски афери се повеќе прашање за едно историско минато, вели Ванковска.

„Во оваа постмодерно време, тоа повеќе е приказна за филмовите со Џејмс Бонд“, вели Ванковска.

Првообвинет во скандалот е поранешниот разузнавач Маријан Ефремов, кој според обвинението ја формирал и раководел злосторничката група. Покрај него, обвинети се и поранешниот директор на Управата за спречување на перење пари и финансирање тероризам Ване Цветанов, поранешниот шеф на кабинет на претседателот на Собранието Марјан Маџовски, поранешниот генерал на специјалната единица „Лавови“ Горан Стојков , поранешниот разузнавач Александар Диневски.

Судскиот процес ќе се води според стариот закон за кривична постапка затоа што е започнат пред 1 декември кога на сила стапи новиот закон.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG