Достапни линкови

Еден убиен во напад врз опозициски штаб во Истанбул


Едно лице било убиено, а шестмина други ранети сво синоќешниот вооружен напад врз предизборен штаб на опозициската Партија за националистичка акција во истанбулската општина Есенурт, јавуваат турските медиуми. Нападот бил изведен за време на посетата на штабот на кандидатот за градоначалник на Истанбул од оваа партија Расим Аџар. Заменик претседателот на оваа националистичка партија Џелал Адан настанот го поврзува со активности на членови на Курдската работничка партија во регионот. На 30 март во Турција ќе се оддржат локални избори.
XS
SM
MD
LG