Достапни линкови

Украина: протестите се шират и во традиционалните упоришта на Јанукович


Протестите против украинската влада се шират во источните и централните региони, кои се сметаат за традиционалн и упоришта на претседателот Виктор Јаукович. Вчера демонстрантите се обидоа да упаднат во зградите на локалната самоуправа водва источни града но беа спречени од полицијата со солзавец, водени топови и парализирачки гранати. Потоа протести против Јанукович се одржаа и во Одеса и Харков. Демонстрантите ги зазедоа општинските канцеларии во 10 западни региони каде што опозицијата е најсилна. Во Киев демонстрантите го имаат заземено Министерствотот за правда каде што поставија барикади.
XS
SM
MD
LG