Достапни линкови

Трет ден од директните разговори меѓу сириската влада и опозиција


Трет ден денеска сириската влада и опозицијата ќе разговараат во Женева. Посредникот Лакдар Брахими рече оти се надева дека ќе започнат разговори и околу планот на ООН за преодна влада. Опозицијата инсистира на тоа претседателот Башар ал Асад да не игра никаква улога во тој орган што за Дамаск е неприфатливо. Во неделата се разговараше околу хуманитарни прашања како што е да им се дозволи на жените и децата да го напуштат градот Хомс кој е главно бојно поле и каде властите држат под опасада голем број бунтовници и илјадници цивили.
XS
SM
MD
LG