Достапни линкови

САД ќе го поддржуваат Ирак во борбата со милитантите


Американскиот заменик претседател Џо Бајден рече дека продолжува да го поддржува Ирак во неговата борба против милитантите поврзани со Ал Каида. Белата Куќа соопшти дека Бајден вчера разговарал со ирачкиот премиер Нури ал Малики. Истиот ден во Ирак во напад на автомобил бомба и во престрелки загинаа 13 лица. Борбата меѓу безбеднсните сили и милитантите поврзани со Ал Каида во моментов е најинтензивна во западната провинција Анбар.
XS
SM
MD
LG