Достапни линкови

logo-print

СДСМ: Генералниот секретар на ВМРО- ДПМНЕ крие стан на име на неговата мајка


Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов денеска изнесе тврдења дека Кирил Божиновски, генерален секретар на Владата, во анкетниот лист за имотната состојба не пријавил стан на име на неговата мајка, во зграда на улицата „Димче Мирчев“, број 20 во центарот на Скопје. Според Шилегов, во анкетниот лист достапен на интернет, генералниот секретар на владата, Кирил Божиновски, пријавил: стан од 89 м2 во Скопје од 1989 година, земјоделско земјиште во Злокуќани, автомобил од 1997 година, куќа од 34 м2 во Скопје, од 2011 година, сето тоа имот на родители. И уште 180.000 денари сопствен имот од продажба на половен автомобил. - Но, Кирил Божиновски, во овој анкетен лист сокрил друг стан од 89 метри квадратни, кој се води на име на неговата мајка, Василка Божиновска, со пазарна вредност од околу 120.000 евра, наведе Шилегов.
XS
SM
MD
LG