Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: фирмите на Заеви заработиле 2 милиони евра во 2012


ВМРО-ДПМНЕ излезе со тврдење дека фирмите на Заеви, само во 2012 година оствариле заработка, нето оданочен приход од 2 милиони евра. Со тоа, според ВМРО-ДПМНЕ, се покажале како неточни тврдењата на лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица Зоран Заев дека фирмите работат со загуба.
Во 2012 година фирмите на кланот Заеви во кои сопственици се таткото, чичкото, братот, братучедите и други бизнис партнери на Зоран Заев оствариле нето добивка преку своите фирми од 121.642.000,00 денари или 2 милиони евра, рече денеска на прес-конференција Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG