Достапни линкови

logo-print

Сирија: разговори за ослободување на затворениците и хуманитарната помош


Претставници на сириската власт и опозиција разговараа во Женева за ослободување на затворениците и за хуманитарната помош во продолжението од разговорите за ставање крај на тригодишното насилство во Сирија. Портпаролот на ООН рече дека двете страни се состанаа во присуство на меѓународниот посредник Лакдар Брахими, по втор пат неделава. Брахими рече дека разговорите се вовед во потешките политички разговори кои треба да следуваат. Владата го отфрли секое доброволно предавање на власта од страна на претседателот Башар ал Асад. Опозицијата бара оставка од Асад и формирање преодна влада.
XS
SM
MD
LG