Достапни линкови

Египет: претседателските избори ќе се одржат пред најавуваните парламентарни


Привремениот египетски претседател, Адли Мансур, денеска најави дека земјата ќе одржи претседателски избори пред парламентарните. Парламентарните избори беа планирани да се одржат први, но измените на уставот му овозможија на Мансур тој да одлучи за редоследот на одржувањето на изборите. Најавата дојде откако во вчерашните насилства во Египет загинаа 49 лица. Во Египет има речиси секојдневнио насилства откако војската го отстрани Морси од власт.
XS
SM
MD
LG