Достапни линкови

Папата повика на конструктивен дијалог во Украина


Папата Фрањо денеска повика на „конструктивен дијалог“ меѓу украинските власти и народот, барајќи од сите да се воздржуваат од насилство во судирите кои ја потресуваат ова земја. Пред илјадниците верници на Плоштадот Свети Петар во Ватикан, тој рече дека се моли за Украина, особено за оние кои загинаа во последниве неколку дена. Римокатоличкиот поглавар побара во оваа земја да надвладее„духиот на мирот и потрагата по општото добро“. Во судирите меѓу двете страни во Украина деновиве загинаа пет лица.
XS
SM
MD
LG