Достапни линкови

logo-print

Тајланд: убиен опозицискиот лидер во текот на протестите


Лидерот на антивладините протести на Тајланд е убиен во Банкок додека држел говор. Портпаролот на Националната полиција на Тајланд рече дека Сутин Таратин бил застрелан во главата додека и се обраќал на толпата од пикап камион. Здравствените работници соопштија дека најмалку 11 лица се повредени на протестите кои се одржаа една недела пред општите избори во земјата. Демонстрантите се обидоа да го спречат гласањето, на некои места заклучувајќи ја вратата од избирачкото место. Владата на Јунглук Шинаватра се соочува со антивладини протести веќе со недели. Демострантите го обвинуваат за корупција и за продолжување на политиките на неговиот брат Таксин Шинаватра кој беше соборен со воен удар во 2006 година.
XS
SM
MD
LG