Достапни линкови

Украина: опозицијата најавува продолжување на борбата


Украинските опозициски лидери најавија дека ја продолжуваат борбата неколку часа откако претседателот Виктор Јанукович им понуди две високи позиции со цел да се спречи натамошното шитење на кризата. Обраќајќи им се на своите поддржувачи, ВИтали Кличко ги повтори повиците на опозицијата за предвремени парламентарни избори. На прес конференција Арсениј Јатсењук рече дека опозицијата ниту ја одбила ниту ја прифатила понудата на Јанукович Јатсењук да биде назначен за премиер а Кличко за заменик премиер. ОКолу еден час по говорот на опозициските лидери, демонстрантите започнаа напади врз зграда на 100 метри од Плоштадот на независноста кршејќи врати, прозори и фрлајќи молотови коктели.
Во меѓувреме, меѓународната невладина организација Human Rights Watch ги повика украинските власти да го пронајдат активистот кој исчезна на 23 јануари. Во вчерашното соопштение на организацијата се вели дека таа е сериозно загрижена за животот на Дмитриј Булатов кој за последен пат на 23 јануари разговарал со сопругата на која и рекол дека има состанок во 19 часот по локално време. Оттогаш немал контакст со никој од неговите роднини и пријатели атој и неговиот автомобил се водат како исчезнати. Телотот на друг активист, Јуриј Вербитски беше пронајдено на 22 јануари со видливи знаци на насилство.
XS
SM
MD
LG