Достапни линкови

logo-print

Триполи: киднапирани пет египетски дипломати


Вооружени напаѓачи во две одвоени акции киднапирале петмина дипломати и службеници на амбасадата на Египет во Триполи, соопшти либиското министерство за надворешни работи. Нападите се случиле вчера и рано изутрина а меѓу киднапираните е и аташето за култура во амбасадата на Египет. Киднапирањата се случиле неколку часа откако либиската државна агенција јави дека во Египет е уапсен поранешниот либиски воен командант, Шабан Хади. Тој е осомничен за киднапирањето на либискиот премиер Али Зидан.
XS
SM
MD
LG