Достапни линкови

logo-print

Втора жртва од грип во Македонија


Маж на 81-годишна возраст синоќа починал од сезонски грип на Клиниката за инфективни болести во Скопје.
Починатиот, како што информира на денешната прес-конференција директорот на Клиниката за инфективни болести Звонко Миленковиќ, боледувал од дијабет и други хронични заболувања.
- Ова е вториот случај во Македонија што завршува со фатален исход. Грипот е особено со висок степен на смртност и на глобално ниво се регистира особено кај лицата од возрасна популација, над 65 годишна возраст, рече Миленковиќ.
Тој упати апел во периодите на вакцинации од грип да се води сериозна грижа за лицата од возрасната популација да бидат заштитени со вакцина од грип.
Информира дека во моментот нема ниту една трудница во Одделот за интензивна нега на Клиниката. - Здравствената состојба на двете трудници кои беа заболени од грип е подобрена и тие се префрлени на редовно следење на одделите на Клиниката,рече Миленковиќ.
XS
SM
MD
LG