Достапни линкови

Украина: потврдена смртта на уште еден демонстрант


Украинските власти потврдија дека уште еден антивладин демонстрант починал во нараснувачките тензии меѓу полицијата и демонстрантите во Киев. Градскиот здравствен завод соопшти дека лицето денеска им подлегнало на повредите здобиени во почетокот на неделава. Сосотојбата во Киев е релативно мирна. Демонстрантите ја опколија зградата на Министерствотот за енергетика, но подоцна се разотидоа. Комесарот за проширувањето на ЕУ во Киев се обиде да посредува за решение, повикувајќи ја владата да преземе конкретни чекори за запирање на насилството.
XS
SM
MD
LG