Достапни линкови

Женева: заврши кусата средба на претставниците на сириската власт и опозиција


Првата директна средба меѓу сириската влада и опозицијата траеше нешто помалку од половина час а за тоа време зборуваше само посредникот на ООН, Лахдар Брахими. Двете делегации се сретнаа лице в лице во европското седиште на ОН , Женева, го сослушаа Брахими и веднаш, секој на своја страна ја напуштија просторијата. Женевската мировна конференција се обиде да го запре насилството во Сирија а на директните разговори се гледа како на единтсвена надеж за окончување на граѓанската војна во земјата во која загинаа 130 000 лица.
XS
SM
MD
LG