Достапни линкови

На Ли го освои „Австралија Опен“



Кинеската На Ли е победничка на Грен слем „Австралија Опен“ откако претпладнево во финалето ја победи Доминика Чибулкова (Словачка) со 2:0 во сетови 7:6 и 6:0.

За Ли која го играше четвртото Грен слем финале ова е втор трофеј, а прв на турнирот во Мелбурн во третото учество на завршинте мечеви.

Словачката тенисерка не успеа да се избори за својот прв трофеј од големите турнири.

Кинеската ги доби сите пет досегашни меѓусебни дуели со Чибулкова, а денешната победа освен трофејот на АО ќе и го донесе и третото место на најновата листа на ВТА која ќе биде објавена в понеделник.
XS
SM
MD
LG