Достапни линкови

ПДП реактивирана, за лидер избран Абдулади Вејсели



Партијата за демократски просперитет (ПДП) вчера во Тетово го одржа повторното основачко собрание за реактивирање на партија, откако речиси цела деценија по 2002 година згасна.
На основачко собрание присуствуваа повеќе од 600 делегати а за нов лидер на партијата беше избран Абдулади Вејсели, додека Невзат Халили, како еден од поранешните истакнати челници на ПДП беше избран за претседател на Генералното собрание на партијата.
Во своето излагање пред делегатите Абдулади Вејсели јавно се извини за, како што рече, евентуалните грешки што ги направил во текот на политичката кариера и како челник на овој политички субјект. Меѓутоа, како што додаде, сите одлуки биле во интерес на Албанците во Македонија.
На основачкото собрание во Тетово присуствува Замир Елези, Мевлан Тахири, Идрис Рамазан, Мифтар Зибери, Хасан Јашари, Теута Лала и други истакнати активисти и поранешни членови на ПДП.
XS
SM
MD
LG