Достапни линкови

Сирија: директна средба меѓу владата и опозицијата


Претставници на Владата на Башар ал Асад и на опозицијата, се очекува да се сретнат на директни разговори денеска во Женева. Средбата се одржува на повик на меѓународниот посредник Лакдар Брахими по претходната шатл-дипломатија меѓу двете страни. Дипломатите не очекуваат никаков прогрес. Брахими веќе посочи дека неговата цел е да започне со практични чекори како локален прекин на огнот, ослободување на затворените лица и пристап до меѓународната помош пред да се навлезе во потешки политички преговори. Прелиминарните разговори започнаа во средата во Монтре, а Брахими потроши два дена за да ги убеди двете страни да седнат на заедничка маса.
XS
SM
MD
LG