Достапни линкови

Украина: напнатост по ноќта на спорадични судири меѓу полицијата и демонстрантите


Антивладините демонстранти и полицијата се сеуште во тензична состојба по ноќта помината во спорадични судири. Демонстрантите во текот на ноќта фрлаа молотови коктели на полицијата која одговори со парализирачки гранати и гумени куршуми, но утринава состојбата е релативно посмирена. Во петокот претседателот Виктор Јанукович вети реконструкција на владата, меѓутоа лидерот на опозицијата Витали Кличко изјави дека единствениот начин да се стави крај на уличните протести е Јанукович да си поднесе оставка.
XS
SM
MD
LG