Достапни линкови

logo-print

Времето денеска-нагло заладување и врнежи од дожд и снег


Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег.
Температурите во текот на денот нагло ќе опаднат, а врнежите од дожд ќе преминуваат во снег, најпрво во северните делови од земјата. Снежна покривка ќе се формира на планините и на повисоките места, меѓутоа помала снежна покривка е можна и на некои пониски места.
Утринската температура ќе се движи од три до седум, а дневната од три до 10 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно, претпладне со врнежи од дожд, а околу пладне со засилен северен ветер што ќе услови врнежите и во Скопско да преминуваат во снег. Утринската температура ќе биде до пет, а дневната околу четири.
XS
SM
MD
LG