Достапни линкови

Малку книги на јазиците на заедниците во кумановската библиотека


Припадниците на помалите етнички заедници во Куманово сметаат дека во градската бибиотека недостасуваат книги на јазиците на националностите.

Иако кумановската Градска библиотека „Тане Георгиевски“ располага со доволен фонд книги од сите жанрови не само на македонскиот, на јазиците на останатите етнички заедници туку и на светските јазици, особено на англискиот кој последниве години е во тренд, некои од општинските советници сметаат дека тоа не е доволно. Тие при тоа главно се залагаат за зголемување на фондот на книгите на јазиците на нивната етничка заедница. Директорката на библиотеката Нада Ивановска вели дека фактичката состојба е сосема поинаква.
Ромите во Македонија пишуваат поезија, раскази, романи и стручна литература. И јас се чудам како библиотеката не сака да ги набави.

Ашмет Османовски од партијата на Сојуз на Роми забележува дека е голем бројот на објавени книги на ромски јазик, дека Ромите во државава, па и од Куманово пишуваат и објавуваат книги од сите литературни области, меѓутоа недоволна е нивната промоција.

„Министерството за образование финансира печатење на ромски книги. Имаме и учебници до Нада Ивановска, директорка на библиотеката Тане Георгиевски во Куманово.

Нада Ивановска, директорка на библиотеката Тане Георгиевски во Куманово.

шесто одделение. Ромите во Македонија пишуваат поезија, раскази, романи и стручна литература. И јас се чудам како библиотеката не сака да ги набави. Иако од Ромите од Куманово има донирано книги во библиотеката, сепак промоцијата изостанува. Не само заради Ромите, туку и за останатите граѓани кои треба да бидат запознаени со ромската култура, историја, бидејќи тоа се книги кои насочуваат кон
Зависи од издавачката продукција, но ние настојуваме да бидат задоволни сите.
сегментите на постоењето на ромската заедница.“

Скендер Алии од ДУИ пак смета дека и книгите од албанскиот јазик се во дефицит.

„Нема доволно, бидејќи треба и стручна литература за студентите, освен од книжевноста, белетристика, но и за професионалните работи треба да има малку повеќе.“

Тој додава дека овие информации се од припадниците на албанската популација кои реагираат дека на својот мајчин јазик не можат да се снабдат со книги од библиотеката.

Саша Николиќ од ДПСМ нема забелешка дека е сиромашен фондот на книгите на српски јазик во библиотеката. И да е така, припадниците на српската популација многу ретко реагираат со оглед на тоа што тие подеднакво добро ги користат и македонскиот и српскиот јазик и не прават разлика на кој од двата јазика ќе ги најдат книгите.

„Мислам дека младата популација во Куманово и во Македонија чита паралелно и на македонски и на српски, а се чита литература и на англиски јазик. Поради развиената технологија се овозможува достапноста на книгите да биде во секој момент, не само во библиотеката, туку и на интернет.“

Директорката Ивановска вели дека се настојува да биде застапена јазичката мултиетничност, согласно барањето и потребите на читателите.

„Учениците од основните и од средните училишта главно бараат на македонски, додека од албанската заедница бараат на албански. Тоа се лектири и ние редовно ги надополнуваме лектирните фондови. Слична е состојбата и со стручната литература. Сепак, зависи од издавачката продукција, но ние настојуваме да бидат задоволни сите. “
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG