Достапни линкови

Јанукович најави реконструкција на владата идната недела


Јанукович и Филе денеска во Киев

Јанукович и Филе денеска во Киев

Украинскиот претседател Виктор Јанукович изјави дека Владата ќе биде реконструирана на вонредната парламентарна седница закажана за вторник. Јанукович, исто така, на средбата со верските лидери изјави дека тој ќе им даде амнестија на десетици затворени активисти и оти ке има измени на рестриктивниот анти - протестен закон.
Во меѓувреме анти владините демонстранти ја проширија зоната на протесниот камп во Киев по неуспешните разговори во Киев меѓу власта и опозицијата.
Во Киев, по судирот меѓу полицијата и демонстрантите во кои имаше и загинати лица, пристигна Комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе.
Тој се срекава со Јанукович и со лидерите на опозицијата.
XS
SM
MD
LG