Достапни линкови

Сириската државна делегација ги напушта преговорите во Женева?


Делегацијата на сириската влада се закани денеска дека ќе замине од Женева доколку не почнат сериозни преговори за завршување на тригодишната граѓанска војна. Ова предупредување сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем му го пренел на пратеникот на Обединетите нации Лахдар Брахими. Според некои наводи, делегацијата на сириската опозиција одбила да седне на иста маса со претставниците на режимот се додека не биде прифатено воспоставување преодна влада без претседателот Башар ал Асад.
XS
SM
MD
LG