Достапни линкови

logo-print

Во Украина се шират антивладините протести


Хмелнитски

Хмелнитски

Украинските антивладини демонстранти подигнаа нови барикади во Киев откако вчерашните разговори на опозициските лидери со претседателот Виктор Јанукович завршија без конкретен договор. Во меѓувреме, демонстранти почнале да ги заземаат зградите на локалната самоуправа во неколку градови, меѓу нив, Лвов, Ривне, Тернопил и Хмелнитски. Во Лвов демонстрантите го натерале регионалниот гувернер да си поднесе оставка. Во Черкаски пак, полицијата успеала да ја врати контролата врз зградата на тамошната градска управа. Тројцата опозициски лидери Кличко, Тијахнибок и Јаценјук денеска треба уште еднаш да се состанат со Јанукович.
XS
SM
MD
LG