Достапни линкови

Женева - нема директни преговори меѓу сириската власт и опозиција


Завојуваните сириски страни нема да седнат на директни преговори денеска во Женева иако тоа претходно беше најавено.
Наместо тоа, пратеникот на ОН Лакдар Брахими ќе одржи одвоени разговори со владините и опозиционите делегати. Двете страни влегоа во отворен судир на Конференција за Сирија која се одржува во Монтре.
Според сириската влада, конференцијата треба да се справува со тероризам, а опозицијата бара привремена влада и заминување на Башар ал Асад од власта. Опозицијата соопшти и дека нема да се сретне со владината делегација додека таа не се согласи со формирање транзициона влада.
XS
SM
MD
LG