Достапни линкови

Злоупотреба на притворот во Македонија


Една од работите на кои укажува и Народниот правобранител во своите извештаи е дека притворот се употребува многу често и апелира до судските власти, ако имаат друга можност за да ја постигнат целта, да не ја употребуваат таа мерка.

Мерката притвор се злоупотребува како казнена мерка и со тоа се повредуваат човековите права тврдат невладините организации. Една од работите на кои укажува и Народниот правобранител во своите извештаи е дека притворот се употребува многу често и апелира до судските власти, ако имаат друга можност за да ја постигнат целта, да не ја употребуваат таа мерка, предупредувајќи дека пренатрупаноста во затворите се смета за повреда на човековите права.
Има затвори каде што бројот на лица кои се на издржување мерка притвор е двојно поголем од можностите на институцијата, поготово во малите затвори. Факт е дека бројот на лица кои издржуваат мерка притвор се зголемува од година в година.
Иџет Мемети, Народен правобранител.

Народниот правовбранител Иџет Мемети.
Народниот правовбранител Иџет Мемети.
„Ако ги гледате последните пресуди на Судот за човекови права по однос на условите во затворите или, пак, по однос на третманот во затворите или по однос на пренатрупаноста во затворите, има неколку пресуди за Грција и за Русија мислам, каде што условите и пренатрупаноста во затворите го третира како повреда од државата на член 3 од Конвенцијата, така што, уште еднаш ја користам оваа прилика да апелирам до сите институции, затоа што таа пренатрупаност, тие лоши услови во тие наши затвори, доведува до прекршување на човековите слободи и права“, вели Мемети.
Со оваа мерка сериозно се поткопува и презумпцијата на невиност, можноста на обвинетиот ефикасно да се брани од обвиненијата, но претставува и притисок врз судот со што значително се влијае врз можноста обвинетиот да добие непристрасно и фер судење.
Ана Јаневска Делева, Транспарентност Македонија.

Нашите посети во затворите зборуваат дека од година во година бројот на лица кои се на издржување на мерката притвор се зголемува енормно, изјави Народниот правобранител Иџет Мемети во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

„Има затвори каде што бројот на лица кои се на издржување мерка притвор е двојно поголем од можностите на институцијата, поготово во малите затвори. Факт е дека бројот на лица кои издржуваат мерка притвор се зголемува од година в година“, вели Мемети.

Министерот Блерим Беџети неодамна во интервју за нашето радио изјави дека мерката притвор е применета само во пет проценти од случаите. Мемети, пак, рече дека останува отворено прашањето која е причината за зголемувањето, дали нефер судските одлуки или, од друга страна, зголемениот криминал. Тоа е прашање за кое одговор треба да даде анализата која ќе ги утврди состојбите за во иднина да се знае во кој правец треба да делува општеството, нагласи Народниот правобранител.

Неколку невладини организации во изминатиот период констатираа дека процентот на од судот одобрените барања за определување притвор е загрижувачки за судството. Една од работите на кои укажува Транспарентност е дека ова не е само повреда на Уставот и на конвенцијата за човекови права, туку дека со ова се покажува дека во земјава нема независно судство.

„Со оваа мерка сериозно се поткопува и презумпцијата на невиност, можноста на обвинетиот ефикасно да се брани од обвиненијата, но претставува и притисок врз судот со што значително се влијае врз можноста обвинетиот да добие непристрасно и фер судење“, изјави Ана Јаневска Делева од Транспарентност Македонија.

Во извештаите на Транспарентност има повеќе примери за злоупотреба на мерката притвор, а последниот е случајот Претседавач со претседателот на Советот на Општина Центар Мирослав Шиповиќ. Според согледувањата на Транспарентност, овој случај само ги потврдува примерите за злоупотреба на мерката притвор и политичко влијание врз судството. Неоснованото определување на притворот, според меѓународните стандарди, треба да биде последна мерка за обезбедување присуство, потенцира Јаневска Делева.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG