Достапни линкови

Тендерите стануваат инструмент во рацете на политичарите за јакнење на својата позиција и за богатење на блиските до нив, велат експертите.

Политичките партии кои имаат власт на централно или на локално ново честопати ги гледаат јавните набавки како извори за финансирање на партиите, вели поранешниот антикорупционер Ариф Муса. Тој објаснува дека тендерите стануваат инструмент во рацете на политичарите за јакнење на својата позиција и за богатење на блиските до нив.
Изворите на финансирање на политичките партии или средствата што ги добиваат од владата за добиени пратенички места реално гледано тоа им е малку и сега изворот го гледаат или го прават во јавните набавки

„Изворите на финансирање на политичките партии или средствата што ги добиваат од владата за добиени пратенички места реално гледано тоа им е малку и сега изворот го гледаат или го прават во јавните набавки, без разлика дали е на централно или на локално ниво.“

Муса смета дека не се почитуваат законите кои во изминативе години се носат со европски знаменца, а се ригорозни во однос на злоупотреба на јавните набавки. Тој додава тоа што ги прави тендерите лесно податливи на Податоци на Бирото за јавни набавки за склучени договори за рекламни спотови на Владата со неколку маркетинг агенции и продукциски куќи.

Податоци на Бирото за јавни набавки за склучени договори за рекламни спотови на Владата со неколку маркетинг агенции и продукциски куќи.

злоупотреба е нефункционалноста на надлежните институции за мониторинг.

„Изгледа дека Комисијата што е формирана во Владата не ја врши својата улога за која е формирана и така остануваме да тапкаме во место.“
Судството и Собранието како институции кои треба да обезбедат гаранција на владеење на правото, едноставно не успеаја да одговорат на својата задача. Ние во Македонија имаме состојба на недопирливост и неказнивост.

Претседателката на Транспаренси Интернешнл Слаѓана Тасева вели дека кога станува збор за корупција и злоупотреба на јавните набавки, Македонија е лидер по неказнивост на истите.

„Судството и Собранието како институции кои треба да обезбедат гаранција на владеење на правото, едноставно не успеаја да одговорат на својата задача. Ние во Македонија имаме состојба на недопирливост и неказнивост на оние кои се одговорни за корупција и мислам дека таквата состојба мора да се искорени и конечно да почнеме да покажуваме вистински резултати во борба против корупцијата. “

Според истражувањата на Центарот за граѓански комуникации, во спроведувањето на јавните набавки на централно и локално ниво често се забележува прекршување на постапките. На пример преку нетранспарентната постапка на преговарање без објавување оглас, во првото полугодие од 2013 година се склучени договори во вкупна вредност од 22,6 милиони евра.

Злоупотребата на јавните набавки од страна на политичарите во изминатиов период беше прва вест во речиси сите медиуми.

Па така ВМРО–ДПМНЕ бара одговори од лидерот на СДСМ Зоран Заев, за неговиот братучед кој добил 15 тендери од општината во вредност од речиси половина милион евра.

СДСМ бара од премиерот да одговори како милиони евра завршиле на Градски стадион бб. Но реакција од Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија за наводите кои политичарите ги изнесоа во јавноста покажувајќи документи за истите, нема.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG