Достапни линкови

logo-print

Каиро - три експлозии и 5 жртви


Најмалку 5 лица загинаа при три експлозии денеска во Каиро. Во првата која се случи пред седиштето на полицијата загинале најмалку четири лица, додека десетици други биле ранети.
Државната телевизија јави дека веднаш по експлозијата дошло и до престрелка. Втората експлозија биле во близина на железничка станица во близина на Каиро, а третата во полициска станица во Гиза.
До ова доаѓа на ден пред годишнината од почетокот на востанието против автократскиот претседател Хосни Мубарак во 2011 година.
За денеска Муслиманското братство најави протести против отстранувањето на исламистичкиот претседател Мухамад Морси и новиот секуларен египетски устав.
XS
SM
MD
LG