Достапни линкови

Северна Кореа повика на крај на тензиите со Јужна Кореа


Северна Кореа денеска повика на завршување на тензиите со Јужна Кореа. Ова се наведува во отвореното писмо што било упатено по наредба на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Пјонгјанг не бара од Сеул запирање на сите јужнокорејските воени вежби, туку само на оние што имаат надворешна поддршка. Тензиите меѓу двете страни секогаш растат кога Јужна Кореа има заеднички воени вежби со Соединетите држави, бидејќи Северна Кореа смета дека тие се подготовка за инвазија. Над 50 години во Јужна Кореа има стационирано неколку десетици илјади американски војници.
XS
SM
MD
LG