Достапни линкови

Пет илјади турски полицајци прераспоредени или истерани од работа


По полициската операција од 17 декември кога беа приведени луѓе блиски до турската влада, меѓу кои и синови на тројца министри, околу 5.000 полицајци се прераспоредени или избркани од работа, објавија турските медиуми. Најмногу, станува збор за полицајци во Анкара, Истанбул и Измир. Слични мерки се преземени и против претставници на судската власт. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган антикорупциската истрага ја оцени како „судски преврат“ организиран од Фетхулах Ѓулен, чии приврзаници се дел од полицијата и правосудниот систем.
XS
SM
MD
LG