Достапни линкови

Враќање на контингент на АРМ од мисијата ИСАФ


Во касарната „Чеде Филиповски Даме“ во Кичево денеска ќе се одржи свеченост по повод враќањето на контингент на АРМ кој во изминатите шест месеци учествуваше во мисијата ИСАФ во Авганистан. На свеченоста најавено е присуство и на министерот за одбрана Талат Џафери. Во 15-та ротација на мировната мисија, учествуваа 148 припадници на Првата механизирана пешадиска бригада кои беа распоредени во главната команда на ИСАФ во Кабул. Припадниците на АРМ во изминатите шест месеци ги извршуваа своите задачи во рамки на британскиот армиски контингент.
XS
SM
MD
LG