Достапни линкови

Експлозија во Каиро, неколкумина загинати


Силна експлозија на автомобил бомба се случи денеска пред седиштето на полицијата во Каиро во која загинале најмалку четири лица, додека десетици други биле ранети. Државната телевизија јави дека веднаш по експлозијата дошло и до престрелка. До ова доаѓа на ден пред годишнината од почетокот на востанието против автократскиот претседател Хосни Мубарак во 2011 година. За денеска Муслиманското братство најави протести против отстранувањето на исламистичкиот претседател Мухамад Морси и новиот секуларен египетски устав.
XS
SM
MD
LG