Достапни линкови

logo-print

Партнерот на Ходорковски денеска излегува од затвор


Критичарот на Кремљ и поранешниот партнер на Михаил Ходорковски Платон Лебедев денеска треба да биде ослободен од затвор по наредба на рускиот Врховен суд. Лебедев беше уапсен во 2005 година по обвиненија за затајување данок. Тој беше еден од донаторите на руските опозициски партии и имаше несогласувања со рускиот претседател Владимир Путин.
Инаку, шефот на државата минатиот месец го помилува Ходорковски но Лебедев, кој требаше да биде ослободен во Мај, не побара помилување.
XS
SM
MD
LG