Достапни линкови

Помалку или повеќе сиромашни


Сашко Јованов, НВО Македонска платформа против сиромаштија.

Сашко Јованов, НВО Македонска платформа против сиромаштија.

Секој трет е сиромашен или секој втор е на работ на сиромаштија, ете за таква сиромаштија зборуваме во Македонија, каде што граѓаните мора да скрпат крај со крај од први до први во месецот, пишува Сашко Јованов од Македонската платформа против сиромаштија во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Сиромаштијата и социјалната исклученост некако изминативе години сè повеќе се чувствува. Како поминуваат деновите, сите се прашуваат до кога вака, дали утре кога ќе станам ќе имам загарантирано работно место, дали денес ќе донесам дома на моето семејство пристоен оброк, дали како млад и образован граѓанин ќе имам добра перспектива и загарантирано вработување?
Секој трет е сиромашен или секој втор е на работ на сиромаштија, ете за таква сиромаштија зборуваме во Македонија, каде што граѓаните мора да скрпат крај со крај од први до први во месецот.

Да, вистина е дека сиромаштијата е насекаде, ја има низ целиот свет, но во другите држави се зборува за 8 отсто, 12 отсто, сиромаштија, а ние во Македонија зборуваме за 30 отсто сиромаштија. Секој трет е сиромашен или секој втор е на работ на сиромаштија, ете за таква сиромаштија зборуваме во Македонија, каде што граѓаните мора да скрпат крај со крај од први до први во месецот.

Сиромашни се граѓаните кои не се вработени и немаат можност да бидат вклучени на пазарот на трудот и неможност до пристап на достоинствена работа и приход, тие граѓани ќе ги сретнете како брцкаат по контејнери и собираат пластични шишиња за да можат да го протуркаат денот.

Од минатата година се актуализира прашањето за вработени и сиромашни, односно во наш контекст, работиш, земаш плата од 8.050 денари, и секако со тој приход треба да го преживееш месецот, да ги задоволиш сопствените потреби или, пак, доколку си во заедница да ги задоволиш дополнително и потребите на семејството. Тоа е објаснувањето за вработени, а сиромашни, бидејќи овој приход не е доволен за поединец, а камо ли за цело семејство.

Според нашите истражувања и работата на терен, еве што прво прават граѓаните кога ќе имаат прилив на месечен приход:

- Прво што прават граѓаните е плаќањето на сметки.

- Второ е купувањето храна која е поевтина и не толку квалитетна.

- Трето, гледаат како да им овозможат подобри услови и финансии за образование на своите деца.

- Четврто доаѓаат облеката и обувките.

- Петто е она за што не сакаат да размислуваат – лекувањето.

И замислете, на крај доаѓа општествениот и културниот живот, а за одмор да не ни споменуваме. Тоа е во делот на луксуз.

Додека ние се бориме со овие најосновни услови за преживување и сме сиромашни, во другите земји сиромаштијата ја мерат или се сметаат за сиромашни ако не можат да одат на културни настани, ако не можат да одат барем еднаш во годината на заслужен одмор, ако не можат од платата да си купат електрични уреди, ако имаат влага итн.

Изминатите три годни Македонската платформа против сиромаштијата го актуализира ова прашање и се потруди да ја подигне јавната свест и да укаже колкав е бројот на сиромашни и социјално исклучени, да се зголеми солидарноста и хуманоста и да понуди конкретни мерки за решавање на овој проблем. Јас би дал и објаснување на тоа што е сиромаштија, а што социјална исклученост:

Што е сиромаштија?

Постојат различни пристапи во дефинирањето на сиромаштијата. Според последните дебати на европско ниво, сиромаштијата е поделена на два типа: апсолутна (екстремна) и релативна сиромаштија.

Апсолутна или екстремна сиромаштија се однесува на недостигот од основните потреби за преживување. На пример, недостиг од храна, чиста вода и соодветно живеалиште, недостиг на облека или лекови и борба за опстанок. Овој тип сиромаштија е најчест во земјите во развој, но постои и во развиените земји.

Елиминацијата на апсолутната сиромаштија е еден од главните фокуси на ОН. Првата цел на Милениумската кампања на ОН е искоренување на екстремната сиромаштија и гладот. Под тоа се подразбира преполовување на бројот на луѓе кои живеат со помалку од 1 долар дневно. Сепак, во земјите на ЕУ кога се зборува за сиромаштија најчесто се мисли на релативна сиромаштија.
Се прашувам кога државата ќе преземе вистински чекори за искоренување на сиромаштијата, дали ќе обезбеди квалитетен и достоинствен живот на сите граѓани, достоинствена работа и достоинствен приход, подобра иднина за младите и достоинствена старост за повозрасните?

Релативна сиромаштија се однесува на начинот на живот и примањата кои за некои луѓе се многу полоши од општиот стандард во дадена земја, што доведува до потешкотии во секојдневниот живот и нивно исклучување од учество во економските, социјалните и културните активности. Тоа секако варира од земја до земја во зависност од стандардот на остатокот на населението. Релативната сиромаштија, исто така, е сериозна и штетна, иако не колку апсолутната.

Во ЕУ има и друга дефиниција за релативна сиромаштија:

Сиромашни се сметаат луѓе чии примања и ресурси се неадекватни во однос на стандардот кој се смета за прифатлив во средината во која живеат. Поради сиромаштијата, тие се соочуваат и со други непријатности поради невработеноста, ниските примања, лошото станбено прашање, неадекватната здравствена заштита и ограничувањата во однос на учење, културен живот, спорт и рекреација. Тие се често исклучени од активности (економски, социјални и културни) кои им се на дофат на другите и нивниот пристап во остварување на фундаменталните права со тоа е ограничен.

Што е социјална исклученост?

Терминот социјална исклученост се однесува на процесот кој доведува одредени граѓани или групи да се најдат на работ на општеството, лимитирајќи го нивниот пристап кон ресурси и можности и ограничувајќи го нивното учество во социјалниот и културниот живот, што за последица има нивно маргинализирање и дискриминирање.

Друг често користен термин поврзан со сиромаштијата е ранливоста. Луѓето се во ранлива ситуација кога нивната лична благосостојба е ставена во ризик поради недостигот од потребни ресурси, со што имаат ризик од долгови, болести, недостаток од образование и живеат во неадекватни домови и опкружување. Сепак, не сите луѓе кои се во ризик од социјална исклученост или ранливост се сиромашни.

Па, драги мои читатели, по ова објаснување треба сериозно да размислиме каде всушност припаѓаме ние? Во помалку или повеќе сиромашни? Дали имаме помалку или повеќе од еден долари во текот на денот?

Се прашувам кога државата ќе преземе вистински чекори за искоренување на сиромаштијата, дали ќе обезбеди квалитетен и достоинствен живот на сите граѓани, достоинствена работа и достоинствен приход, подобра иднина за младите и достоинствена старост за повозрасните?

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG