Достапни линкови

Оставка на романскиот министер за внатрешни работи


Букурешт

Букурешт

Романскиот министер за внатрешни работи Раду Строе денеска поднесе оставка по големото незадоволство во јавноста поради бавната спасувачката операција по несреќата на медициски авион во понеделникот. По уривањето на малиот авион со двочлен екипаж и петмина медицински работници, кои пренесуваа органи за трансплантација, патниците веднаш побарале помош по мобилен телефон од службата за вонредни состојби, но први да им пружат помош на настраданите пристигнале локални жители по дури шест часа, додека медицински екипи се уште немало. Поради премрзнување и трауматски шок, починаа еден од пилотите и едно медицинско лице.
XS
SM
MD
LG