Достапни линкови

Јанукович немал намера да воведе вонредна состојба


Украинскиот претседател Виктор Јанукович и дал уверување на Европската унија дека не планира да прогласи вонредна состојба и покрај продолжувањето на антивладините протести. Во Брисел е објавено дека Јанукович ова денеска во телефонски разговор му го кажал на претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо. Еврокомесарот за проширување Штефан Филе утре ќе патува за Киев, додека шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон тоа ќе го направи во идната недела. Јанукович денеска побара вонредна седница на украинскиот парламент за идната недела за да се дискутира за кризата. Опозициските лидери вчера му дадоа ултитаум од 24 часа на Јанукович да свика воредни избори. До ова дојде по вчерашните кравави судири меѓу полицијата и демонстрантите при што имаше и жртви.
XS
SM
MD
LG