Достапни линкови

ЗНМ: Измените за медиумските закони чекор напред


Здружението на новинарите на Македонија денеска соопшти дека со усвојувањето на измените и дополнувањата на законите за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и за медиуми, Владата ги исполнила обврските од постигнатата согласност со ЗНМ. „Ова е чекор напред во подобрување на понудената содржина на законите, за кои ЗНМ и странските експерти имаат сериозни забелешки. Ваквото однесување на Владата дава надеж дека во иднина ќе се направат напори за понатамошно подобрување на содржината на законите, наведува ЗНМ во соопштението. Останува обврската, потенцира ЗНМ, во рок од шест месеци да се изнајде решение со кое ќе се зајакне независноста на јавниот сервис, Македонската радио-телевизија.
XS
SM
MD
LG