Достапни линкови

Штефан Филе во Киев, а можеби и Ештон


Претседателот на европската Комисија Жозе Мануел Баросо изјави дека се очекува евро комесарот за проширување Штефан Филе утре да отпатува за Киев, а дека таму, ако е неопходно, следната недела би можела да отпатува и комесарот за надворешна политика Кетрин Ештон следната недела.

Од друга страна во Киев, лидерите на украинската опозицијата Витали Кличко, Aрсениј Јатсениук и Олег Тианчубок му дадоа ултиматум на Претседателот Виктор Јанукович дека доколку не повика на одржување предвремени претседателски избори, анти владините протести ќе продолжат.

Тие соопштија дека на разговорите со претседателот Виктор Јанукович вчера не успеаа да постигнат конкретни резултати за решавање ан кризата. До овие средби доаѓа по вчерашните насилства во кои загинаа најмалку три демонстранти.
XS
SM
MD
LG