Достапни линкови

logo-print

Хашки трибунал - затворски казни за Шаиновиќ, Лукиќ, Лазаревиќ и Павковиќ


.

.

Хашкиот трибунал денеска го осуди поранешниот потпретседател на Владата на Сојузна Република Југославиија Никола Шаиновиќ на 18 години затвор, полицискиот генерал Сретен Лукиќ на 20, генералот на Војската на Југославија СНебојша Павковиќ на 22 и Владимир Лазаревиќ на 14 години затвор поради злосторства над косовските Албанци во 1999 година.
На генералот Павковиќ, поранешен командант на Третата армија на ВЈ потврдена е правостепената пресуда од 22 години затвор.
Со обвинението е опфатен и поранешниот претседател на Србија Милан Милутиновиќ, кој првостепено е ослободен од сите точки на обвинението. Поранешниот началник на ГШ на ВЈ Драгољуб Ојданиќ за истото дело е осуден на 15 години затвор. Тој минатата година излезе од затвор, откако отслужи две третини од казната.
XS
SM
MD
LG