Достапни линкови

Русија: ослободен соработникот на Ходорковски, Платон Лебедев


Рускиот Врховен суд нареди ослободување на Платон Лебедев, поранешен бизнис партнер на поранешниот нафтен магнат Михаил Ходорковски.
Судот пресуди затворската казна на Лебедев да се скрати во должина еднаква на онаа што тој веќе ја мина во затвор.
Лебедев е во затвор од 2003 година. Ходорковски беше помилуван од рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец, осум месеци пред и официјално да му истече казната.
Врховниот суд не ја промени судската одлука според која, Лебедев и Ходорковски мора да платат 521 милиони долари во како даночни долгови што претставува пречка за враќање на Ходорковски во Русија по напуштањето за Германија во декември.
XS
SM
MD
LG