Достапни линкови

Косово воведе визи за граѓаните на БиХ


Косовската Влада го усвои предлогот за воведување визи за граѓаните на БиХ, бидејќи Босна ги нема укинато визите за граѓаните на Косово. Властите во Приштина ги изменија условите за влез на Косово за странските државјани, па сега на листата на земји, чии граѓани ќе мораат да имаат виза за влез, е додадена и БиХ.
Како што јавуваат нашите дописници, ова се реципрочни мерки на косовската Влада, бидејќи БиХ не ги укина визите за косовските граѓани. Граѓаните на Косово за да патуваат во БиХ мораат да аплицираат за виза во Скопје, а условите за нејзино добивање се ригорозни.
XS
SM
MD
LG