Достапни линкови

Црна Гора лобира за членство во НАТО


Дипломатијата на Црна Гора се обидува да го искористи постепеното зголемување на интересот во САД за проширување на НАТО, и да издејствува покана на самитот кој е планиран да се одржи во Британија во септември.
И покрај тоа што Молитвениот појадок во Вашингтон традиционално не се користи за средби на највисоко ниво со американските власти, црногорските медиуми најавуваат дека премиерот Мило Ѓукановиќ договара средба со американскиот потпреседател Џо Бајден за време на неговиот престој во Вашингтон на почетокот на февурари.
Тоа би била прва средба на Ѓукановиќ со американскиот државен врв по враќањето на функцијата премиер во 2012 година. Се очекува оваа средба да биде искористена за промовирање на црногорската кандидатура за членство во НАТО, која е главно прашање на кое работи нивната дипломатија во САД.
XS
SM
MD
LG