Достапни линкови

Украина - разговорите бескорисни, продолжуваат демонстрациите


Украинските опозициски лидери изјавија дека разговорите со Претседателот Виктор Јанукович во средата завршиле без конкретен резулатат за надминување на кризата во државата. Опозициските лидери Витали Кличко, Aрсениј Јанцјенук и Олег Туанчубек бараат Јанукович да распише претседателски избори за 24 часа за да се стави крај на насилствата меѓу полицијата и демонстрантите, во кои вчера загинаа двајца демонстранти.
Украинското претседателство оцени дека разговорите во средата се првиот чекор во преговорите. Но опозициските лидери изјавија дека продолжуваат протестите против полициската акција. Кличко за денеска напладне најави генерален штрајк.
XS
SM
MD
LG