Достапни линкови

logo-print

Втор ден од Сирските мировните разговори, без знаци на прогрес


Сириската мировна конференција што е поддржана од ОН денеска продолжува без знаци за компромис меѓу завојуваните страни што би довело до крај на граѓанската војна во таа земја. Разговорите што почнаа вчера во Монтре поминаа во знакот на остри тонови од двете страни.
Делегацијата на режимот ги одби барањата претесдателот Башар Ал Асад да си замине од власт со што ќе се отвори пат за транзициска влада.
Спротивставените страни треба да имаат први директни разговори утре во Женева. Но нивните остри разлики во ставовите ги зголемија сомнежите дали таква средба ќе се одржи.
Американскиот државен секретар Џон Кери ја опиша конференцијата како процес додавајќи дека тој знаел дека разговорите ќе бидат тешки.
XS
SM
MD
LG