Достапни линкови

Иранскиот претседател Рохани ќе говори на Економскиот Форум во Давос


Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска треба да има говор пред 2 500 бизнисмени и политички лидери од цел свет на Светскиот економски форум во Давос. Иранскиот претседател се очекува да побара инвестиции за неговата земја која е погодена од економските санкции, во време кога Техеран ги напушта санкциите по постигнатиот нуклеарен договор со светските сили.
Во иранската делегација се и министерот за надворешни работи Џавад Зариф и министерот за енергетика Бијан Зангенех.
Ирански официјални претставници изјавија дека конференцијата во Давос претставува важна економска можност за нивната земја како и шанса да се претстават политичките гледишта на Техеран.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој е жесток критичар на Иран, треба да зборува на конференцијата по Рохани.
XS
SM
MD
LG